Појавата на бугарската принцеза Калина, која јавноста ја нема видено долго време, наиде на изненадувачки коментари на социјалните мрежи

Бугарската принцеза Калина ретко се појавува во јавноста , а неодамна беше видена во Софија со сопругот Китина Муњоз и синот Симеон Хасан Муњоз. Иако многумина ја паметат како убава, женствена и нежна дама, вниманието на јавноста го привлекоа големите промени во нејзиното тело. Фокусот беше особено на нејзините мускулести раце, кои се резултат на нејзиниот напорен и посветен тренинг.

Фотографиите од непрепознатливата принцеза станаа вирални на социјалните мрежи, а луѓето збунето реагираа на нејзината трансформација. Корисниците на социјалните мрежи забележале значајни промени на нејзиното тело кое наликува на спортист, а тоа своевремено го прокоментирала и самата принцеза.

Во јавноста нема многу информации за нејзиниот живот, ниту пак е личност која некогаш сакала да се разголи во таа смисла, но познато е дека иако е принцеза води опуштен и лежерен начин на живот.

Таа е самата себе, автентична и не и е грижа што некој ќе каже и мисли за неа.

Која е бугарската принцеза Калина?

Како што е наведено погоре, малку се знае за животот на Калина, но се знае дека таа завршила престижни училишта и зборува неколку јазици. За разлика од членовите на кралските семејства, Калина не се придржува до протоколот кога е стилот во прашање, а често избира необичен стил на облекување и менува фризури.

Познато е и дека Калина не јаде ништо од животинско потекло, односно дека е вегетаријанка и многу се грижи за својот изглед, а доказ за тоа е нејзината фигура. Имено, судејќи по фотографиите на кои се гледа дека принцезата има мускулести раце, може да се заклучи дека таа верно вежба.

Посветена сум на тренирањето со тегови и здравјето на телото, спортист сум“, изјави принцезата за „Ел Мундо“.

Претходно беше видена како се релаксира на плажа и пие пиво без алкохол, што не е баш вообичаено за принцеза.

Брак со 14 години постар маж

На 26 октомври 2002 година, принцезата Калина се омажи за Антонио Хозе (Китин) Муњоз и Валкарсел, познат шпански морепловец и истражувач. Сопругот на Калина е 14 години постар од неа, а иако се венчаа во Римокатоличката црква во Царска Бистрица, Антонио и Калина добија благослов од православната црква.

Тие во 2007 година добија и син кој Калина го крсти по нејзиниот татко Симеон. Она што е интересно е дека Симеон е роден во Софија, што го прави првиот член на бугарското кралско семејство кој е роден во Бугарија од 1937 година.

Интересен е и податокот дека момчето било крстено по православни обичаи.

Сите се прашуваат што се случува со принцезата?

Покрај мускулестата градба, она што сите веднаш го забележаа е носот на принцезата Калина. Иако многумина мислат дека нејзиниот нос вака изгледа поради пластичните операции, сепак тоа е нешто друго.

Калин претрпе навидум полесна повреда која резултираше со скршени заби од падот. За време на санирањето на повредата на забот, се развила инфекција во вилицата, а третманот вклучувал сериозна операција за да се спречи нејзиното ширење. Сето тоа имаше големо влијание врз изгледот на нејзиниот нос.