Премиерот Зоран Заев е женет човек со две деца. Семејството на премиерот го сочинуваат сопругата Зорица, ќерката Александра и синот Душко. Неговите родители исто така живеат во Струмица!

Зоран Заев израснал во земјоделско и традиционално семејство, опкружен со членови на семејството кои, според неговата владина биографија, биле „просперитетни бизнисмени, активни и почитувани во социо-политичката и економската сфера на македонското општество“.

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева, пред 23 години на денот на нивната свадба.

Заев во 1996 година бил вработен во семејното трговско друштво „Тргопродукт“ од Струмица каде напредувал до директорската функција која ја презел во 2001 година.

Во периодот од 1998 до 2003 година дополнително вршел неколку други функции, членувајќи во управните одбори на неколку локални компании и бил претседател на управниот одбор на јавното комунално претпријатие на Струмица.

Вице Заев вели дека многу сака да пешачи, да вози велосипед, и тоа го прави преку цел ден кога е слободен. Но, откако се разболел од Ковид мора да паузира, така што помалку спортува додека не закрепне. Себе се смета за хуманитарец кој не сака да се рекламира.

Тој е оженет и татко на две деца!

Неодамна неговиот брат Вице Заев во интервју за Слободен печат изјави дека нивната мајка секое утро плаче кога ги гледа утринските емисии и слуша се што зборуваат за нејзиниот син!

Не се плашам од никого, знам дека на социјалните мрежи се пишува буквално се, дури има и закани, по животот на Зоран, но мислам дека никој не би дошол да ме нападне мене или брат ми поради политичка неиспомисленост. Мојата сопруга, ниту децата не се движат со обезбедување или со личен возач. Сепак, нашата мајка секое утро плаче кога ги гледа утринските емисии и слуша се што зборуваат за Зоки. За да не читам што пишуваат за мене и брат ми на социјалните мрежи, јас не користам социјални мрежи, вели Вице и се чуди како толку внимание предизвикува приватниот живот на неговата ќерка Ева, бидејќи како што вели, таа е многу скромна и нема комуникација со ниту еден новинар.

Родителите на премиерот Зоран Заев!

Моето семејство е познато по хуманитарната работа. Периодов мојата сопруга пазарува за децата без родители. Така е со години наназад, ние тоа никогаш не сме го рекламирале. Си знаат луѓето на коишто им помагаме, тие нас не благословуваат и од нив ја црпиме понатамошната енергија.

Вели дека е семеен човек, а семејните дружби му се многу важни. Се плаши дека децата ќе му заминат во странство и нема да има кој да го продолжи семејниот бизнис.

Не сакам децата да ми учат надвор од државата. Се плашам дека ако заминат на студии во странство, таму и ќе останат.

Сакам да ми бидат тука и да продолжат со семејните бизниси. Има многу потенцијал во нашата држава, точно е дека некои работи треба да се сменат од економски и политички аспект, но имаат можност тука да останат и да работат. Ќерката Ева беше запишана на студии во Солун, но се префрли на Машински факултет, а синот е четврта година гимназија. Следната година ќе се запише на факултет, ќе му сугерирам да се запише во Скопје на факултет, ама ако сака во странство ќе му дозволам да се запише само во Солун, подалеку не го пуштам, вели Вице.
Magazin.mk

error: Content is protected !!