Американскиот претседател Џо Бајден се сопна и падна денеска на сцена пред стотици луѓе и вклучени камери, откако ја врачи последната диплома на свеченоста во Академијата за воздухопловни сили на САД.

Осумдесетгодишниот претседател со помош на тројца луѓе успеа брзо да стане на едното колено, по што се врати на местото без помош.

Додека питомците и офицерите му помагаа на Бајден да се крене на нозе, тој се сврте и изгледаше како да покажува на што се сопнал.

Директорот за комуникации на Белата куќа Бен ЛаБолт на Твитер објави дека претседателот не се повредил при падот, кој изгледаше најсериозно од неколкуте слични инциденти во кои Бајден ја губеше рамнотежата и паѓаше во јавност.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!