Петок од времето па до денес важи за пазарен ден во Скопје.

Но за денес е најавен масовен граѓански бојкот на маркетите поради високите цени на артиклите.

24инфо.мк на терен провери каква е ситуацијата утрово околу 9 часот, односно час час и половина откако отвораат маркетите.

За разлика од другите петоци, утрово немаше толкава раздвиженост.

Ги немаше ниту оние кои најчесто пазаруваат во овој период, повозрасните и пензионерите иако дел од банките утрово ја исплатија пензијата.

На видеото подолу попгледнете каква е сликата утрово во 9 часот./Извор 24info.mk