Се отстранува импровизираното картон-маало, на паркингот под Железничка. Градот Скопје информира дека на двете семејства кои живееле таму, без основни хигиенски услови, опкружени со смет, Центарот за социјални работи им понудил сместување во текот на зимскиот период.

Со оваа акција во пресрет на сезоната на зголемено загадување на воздухот, се става крај на палењето огнови на отворено, кои често гореа во оваа дива населба и го загадуваа воздухот, пишува во сопштението на градот.

Оттаму информираат дека во наредниот период комуналните редари од Град Скопје и екипи на МВР ќе ги засилат контролите во овој дел од Скопје за да се спречи повторно формирање на ваквата импровизирана населба под Железничката станица.