Српските медиуми јавуваат дека стотици граѓани од Косово отишле во Бујановац за да ја примат вакцината против ковид-19.

Според порталот „Бујановачке“, стотиците косовски Албанци доаѓаат од повеќе општини во Косово, но најмногу од нив се од општината Гњилане и околните општини.

„Бујановачке“ пишува дека директорот на Здравствениот дом таму рекол дека оваа институција им дава вакцини против ковид-19 на граѓаните на Косово, само по налог на Министерството за здравство во Србија.

Србија кон крајот на минатата година, како што потврди претседателот Александар Вучиќ, по алтернативни патишта успеа да ја внесе вакцината на територија на Косово. Сепак, по реакцијата на косовските институции, процесот беше запрен.