Силната бура проследена со јак ветер на брегот на камчатка исфрлила кит долг дури 19 метри.

Според зборовите на очевидци, морскиот џин бил исфрлен на брегот од огромните бранови високи и до 10 метри. Китот бил долг цели 19 метри, што е многу редок случај кога станува збор за овој вид на китови.

Претходно Хидрометеоролошкиот центар на Камчатка предупреди дека на 19 ноември на западните и централните Алеутски острови се очекува силна бура со бранови високи и до 10 метри.

Иако на социјалните мрежи започнала полемика за каков вид на на кит станува збор, син или грбав кит, локалните медиуми наведуваат дека на брегот бил исфрлен грбав кит.

Возрасни примероци на грбав кит вообичаено достигнуваат должина од 12 до 16 метри, а тежат меѓу 25 и 30 тони, што значи дека станува збор за единствен примерок на кит долг дури 19 метри, кој за жал има трагичен крај.

Сега научниците треба да утврдат дали е ова еден од најдолгите грбави китови виден до сега во светот.