Хиландарските монаси се здрави и освен неколку настинки немаат сериозни болести, вели д-р Иван Поповиќ после седумдневното лекарско дежурство во Хиландар.

Хиландарското лекарско здружение веќе со години организира посета на медицински експерти на Света Гора, а таа мисија е посветена на здравјето на хиландарските монаси.

-Братството од манастирите е исклучително здрава и витална популација. Кон тоа придонесува начинот на живот кој го водат, како и нивниот начин на исхрана.

Таму нема дијабетес, само еден монах има хипертензија и хипертиреоза кој сега е под терапија.

Во складот со начинот на живот кој подразбира доста стоење, се јавуваат тегоби со проширени вени и евентуално зглобови.

Еден од најсилните впечатоци ми беше менувањето на свеста и начинот на размислување во текот на мојот престој таму, мислам дека секој после посетата станува подобар човек – раскажува д-р Поповиќ.​

Хиландарската амбуланта во која дежурал, како што вели, била врвно опремена, од ултразвук, преку офталмолошки уреди до апотека.

Покрај здравјето на монасите, д-р Поповиќ бил восхитен и од целосно различната атмосфера и начинот на размислување „толку различно од вообичаената секојдневица“.

-Иако сиот мој живот сум верник, имав трема и се плашев дали ќе можам да се вклопам. Но кога ќе стигнете таму, имате чувство како веќе да сте биле таму сто години.

Она што ме восхити е нивниот начин на живот кој како со векови да не се променил. Сознанието дека и денес може така да се живее ми помогна во размислувањето за животот и струката. Се’ е смирено, секој има своја улога, без брзање се’ се постигнува – вели д-р Поповиќ.

error: Content is protected !!