Италијанецот Лука Трапанесе стана сензација на социјалните мрежи заради својот пристап кон родителството

Тој ги предизвика стереотипите поврзани со идејата за татковство и традиционалното семејство, кој живее сам – а пред година дена одлучи да посвои девојче со Даунов синдром.

Таа имаше само месец дена, а веќе беше одбиена од 20 семејства кои не сакаа да посвојат болно дете.

Што се однесува до Трапанесе, како што вели самиот, русокосото девојче му го променило животот за 100 отсто и сега целиот негов свет се врти околу неа. Тој постојано објавува заеднички фотографии со малата Алба на социјалните мрежи и вели дека е горд што е татко на ова девојче..

„Ми донесе среќа и чувство на исполнетост. Се гордеам што ѝ сум татко“ – рекол тој.

„Од свои 14 години волонтирам и многу пати досега во животот сум работел со лица на кои им е потребна помош па почувствував дека имам право знаење и искусво тоа да го направам“, изјави Лука за медиумите.

Младиот Италијанец отсекогаш сакал да стане татко, а потоа во 2017 година, добил и дозвола за посвојување, но само под еден услов – како што објави „БиБиСи“, маж самец може да посвои дете само со посебни потреби и тоа само кога тоа дете другите традиционални семејства го одбиле.

Во Јули 2017 на Лука ќе му се јават за девојчето и штом ја слушнал нејзината приказна веднаш се согласил.

„Кога прв пат ја држев во рацете, ме обзеде радост. Веднаш почувствував дека ми е ќерка“, изјави самохраниот татко за странските медиуми.