ВМРО-ДПМНЕ денеска се обрати од пред министерството за здравство. Членот на ИК на партијата, Марија Андоновска, му остави бел мантил на Филипче, и порача наместо да шири популизам, да отиде меѓу здравствените работници и пациенти.

„Крајно време е министерот Венко Филипче да облече бел мантил, да се соочи со реалноста и да оди помеѓу здравствените работници и пациентите каде што му е местото.
Ако Венко си го заборавил белиот мантил, поради неговите прес конференции, денес ние му подаруваме еден.

Не случајно мантилот е за еднократна употреба. Исти вакви мантили здравствените работници ги носат во текот на целиот ден или по неколку дена, дури и мораат да ги хефтаат, лепат кога ќе се скинат, затоа што немаат други.

Колку време може да работи министерот со мантил за еднократна употреба, а тоа да не се само прес конференции?

Борбата за лична заштитна опрема за медицинските лица трае од почетокот на епидемијата.

Доста ни е веќе од неговиот ПР!

Срамота е и крајно безобразно да вели дека се е под контрола, а од друга страна луѓе умираат чекајќи брза помош, молат за кислород, за терапија или за прием во болница!

За сето ова мора да има одговорност!“, рече Андоновска.