Бил Гејтс со години предупредуваше за потенцијалната опасност од смртоносен вирус што може да однесе милиони животи како и за глобалната неподготвеност за пандемија.

На својот блог Бил Гејтс деновиве предупреди и на опасностите од климатските промени, поради што човечките жртви и финансиските трошоци во иднина би можеле да бидат многу поголеми од оние што се предизвикани од коронавирусот.

Основачот на Мајкрософт со години наназад го предупредуваше светот за потенцијалната опасност од смртoоносен вирус што може да однесе милиони животи како и за глобалната неподготвеност за пандемија. Повеќето луѓе тоа негово предупредување не го сфаќаа сериозно, мислејќи дека тоа е сценарио од некој филм за катастрофи, но не и нешто што некогаш би можеле да ги доживеат во реалниот живот.

Но за жал, ситуацијата со новиот корона вирус покажа дека Гејтс сепак бил во во право, и додека некои ги слушаат неговите совети како да се борат против пандемијата, теоретичарите на заговор го гледаат како некој главен глобален негативец кој стои зад „лажната“ пандемија со цел присилно вакцинирaање и чипирaање на луѓето, пренесува „Дневник.хр“.

На својот блог оваа недела, Гејтс предупреди на уште една голема опасност што на крајот може да стане погубна и поопасна од коронавирусот. Ова е многу актуелна тема во последниве неколку години – а тоа се климатските промени. Губењето на животи и пропаста предизвикана денес од пандемија во иднина може да биде предизвикана од климатските промени.

Гејтс дошол до тој заклучок врз основа на стапката на cмpтнocт од коронавирусот, што, како што напишал на својот блог, изнесува 14 изгубени живото на 100.000 луѓе.

Поради порастот на температурата во текот на следните 40 години, се очекува истото зголемување на смр тноста како кај короната.

До крајот на векот, тие бројки ќе продолжат да се зголемуваат, па стапката на смpтнocт од 14 треба да се зголеми на 73 лица на 100.000 луѓе. Но, ако се намалат емисиите на стакленички гасови, се очекува оваа бројка да биде околу 10 лица на 100.000 луѓе.

До 2060 година, климатските промени би можеле да станат смртоносни како ковид 19, а до 2100 година можат да бидат пет пати посмртоносни, напиша Гејтс.

Економското влијание на климатските промени ќе биде како пандемијата да се јавува еднаш на секои десет години, бидејќи трошоците направени како резултат на климатските промени и инвестициите за намалување на негативните ефекти од климатските промени, ќе бидат многу големи.

Бил го предупреди и Трамп во 2016

Основачот на Мајкрософт и мултимилијардер Бил Гејтс неодамна потсети дека се обидел да го предупреди тогаш новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на опасноста од голема пандемија веднаш по претседателската трка во 2016 година, но напомена дека се чувствува виновен што не го направил тоа погласно.

„Одбрав, кога се сретнав со некои луѓе од врвот, во Европа, САД, ширум светот, да разговарам за ризикот од пандемија“, рече Бил Гејтс во интервју кое во април беше објавено во Вол Стрит Журнал, објаснувајќи дека дури го изнел случајот на американскиот претседател во текот на состанок во декември 2016 година во Трамп Кулата.

– Се чувствувам ужасно. Смислата на разговорот беше дека би можеле да преземеме мерки и да ја намалиме штетата… Сакав да направам повеќе и да го свртам вниманието на јавноста кон опасноста, рече Гејтс.

Тој вели дека, иако многу светски лидери во принцип се согласуваат со неговите совет, малку кој преземал било каква акција за да се подготви, што го навел самиот да почне да бара потенцијални решенија.

„Кога и да прашав за респираторни вируси, на пример, колку е важно да се изолираат училиштата, колку далеку може да се пренесува вирусот, па дури и тоа … дали маските помагаат или пак не?“, на таквите прашања немало прецизни одговори, рече тој.

Низ Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, основана во 2000 година, технолошкиот претприемач и неговата сопруга акцентот го ставија на бројните здравствени кризи ширум светот, вклучувајќи финансирање на лекувањето на ебола и вирусот Зика, а сега и на ублажувањето на ефектите од Ковид-19. Фондацијата издвои околу 250 милиони долари за борба против болестите – кои Гејтс ги нарекува „најдраматични работи во мојот живот“ со надеж дека конечно ќе се најде вак цина.

Некои критичари го обвинуваат милијардерот дека има преголемо влијание врз глобалната здравствена заедница, му префрлаат дека одлучува кои болести ќе имаат приоритет пред другите, објави Раша Тудеј. Но Мајкрософт могулот инсистираше на ова: „Сѐ што правиме е да ги трошиме своите пари и да го делиме своето мислење“, додавајќи: „Не донесуваме одлука на крајот на денот ние, туку некој друг“.

Glamur.mk