Дали зимата доаѓа брзо?

Се очекува температурите во поголемиот дел од јужна Европа да останат просечни. Но, температурите во делови од Италија, Грција и Балканот, како и Македонија, понекогаш може да се искачат над нормалното, најавуваат метеоролозите.

Доаѓа заладување во Македонија

Во Македонија утреќе биде студено, по котлините со краткотрајна магла. Во текот на денот претежно сончево и топло, а во текот на ноќта на север облачно со слаб дожд.

Ветер слаб и умерен, јужен и југозападен. Најниска температура од 1 до 10, највисока од 18 до 24 степени. И во Скопје, утрото ќе биде свежо, во текот на денот претежно сончево и топло. Во текот на ноќта ќе има постепено наоблачување. Ветер слаб и умерен, јужен и југозападен. Најниска температура 10, околу градот околу 5, највисока 24 степени. Во Македонијаутре наутро и пред пладне на север, а до крајот на денот и во другите делови ќе има облачност со врнежи од дожд и заладување.

Во сабота се очекува да биде облачно и постудено, претежно со врнежи од дожд, кои попладне ќе престанат да паѓаат на север.

Во недела во поголем дел од земјава ќе биде облачно, на места на југ и исток со врнежи од дожд, на повисоките планини со снег, додека на север ќе има разведрување.

Од понеделник се очекува свежо и претежно суво време.

error: Content is protected !!