Многу често во куќите, на возилата, на облеката на многу луѓе се гледа еден интересен симбол – Фатмино или турско око.

Според исламската традиција, ќерката на Мухамед, Фатима, на својот вереник му подари парче сино стакло, и благодарение на оваа амајлија, тој успешно го заврши своето патување совладувајќи ги сите можни и невозможни пречки. Оваа едноставна приказна може да се прочита практично насекаде.

Меѓутоа, окото на Фатима како талисман не потекнува од самиот ислам, туку нашироко го користат и муслиманите и православните.

Ова верување не е ограничено само на Турција.

Напротив, се верува дека легендата датира од периодот на древниот Египет и Месопотамија, па не е чудно што овој симбол може да се најде во многу домови низ Сирија, Иран, Либан, Ирак, Авганистан и Азербејџан. Исто така, сувенирите познати по своите концентрични кругови не мора да бидат само сини, туку можете да најдете примери во бела, црна или златна боја.

Луѓето го закачуваат на вратите од куќите и канцелариите, го ставаат на облека за возрасни, деца и трудници. И сето тоа со една цел – да се бориме со магии. На турски начин.

Се верува дека турското око има моќ да ги одбие сите негативни вибрации и мисли од вас, односно да ги „фати“ и потоа да ги растера.

Тајната е во синиот „камен“ со кој се прават овие талисмани на среќата, а е составен од идеална комбинација на веќе споменатото стопено стакло, бакар, железо, вода и сол. Оваа интересна комбинација на метали и минерали навистина делува како моќен штит против магии!

Ако се случи во „борбата“ против негативната енергија, назарот да се скрши или да се оштети на некој друг начин – најдобро е да го замените со ново парче на време за да може непречено да ве заштити и понатаму!

error: Content is protected !!