Од Струмица ни пристига уште една тешка животна приказна на сиромашно семејство, а истата во јавноста ја носи Телевизија 24 кој подготви прилог во кој што се вели:

Во две трошни соби и без никакви примања живее петчленото семејството Ѓеоргиеви од стурмичко Просениково. Тврдат дека неправедно Центарот за социјални работи од Струмица им ја укинала социјалната помош што ја примале до март, а

средствата од околу 8500 денари за нив бил единствениот извор за егзистенција.

Таткото Павло вели дека цели 6 месеци се надмудруваат со институциите да докажат дека вонбрачната сопруга се пријавува во Агенцијата за вработување и го остваруваат правото за што позитивно се изјаснила и Државната комисија.

Павло Ѓеоргиев и Даниела Тонева од Штип живеат во вонбрачна заедница од којa имаат и дете. Немат никаков имот, а семејството го прехрануваат од аргатување и паричната помош

Тонева вели дека се пријавува во Агенцијата за вработување, но социјална помош не добиваат. Од министерството за труд и социјална политика не прецизираа зошто им е укината социјалната помош.

На прашањето зошто е укината одговорија дека вонбрачната сопруга не се пријавувала во рок од 30 дена од приемот на решението при што потврдија дека Државната комисија ја уважила жалбата со што предметот го вратила на повторно разгледување и одлучување на првостепениот орган кој повторно носи негативно решение на кое како што информираа од Министерството за труд и социјална политика повторно имаат право на жалба.

Каква е таа правда. Жената се пријавува, а ми велат дека не се пријавува. Поднесовме жалба и истата во Скопје беше уважена, а од нашата во Струмица се одбива и притоа таму не ми се обратија како што треба,вели Павло Ѓеоргиев.

Земав дечки додаток од 1600 денара за моето детенце. И нив ги укинаа, еве тоа детенце и комшиите го гледат, секое сабајле станува и бара паштета. Јас не сум вработена, тој не е вработен, немаме земјоделие.

Од ова тука се живее, немаме ништо, ни купатило ни перални, не сме богати. Ние ништо немаме – низ солзи завршува.