Билансот со Ковид-19 се повеќе се зголемува. Министерот за здравство Венко Филипче повикува на одговорност и донесување на неопходни законски измени. Опозицијата вината ја посочува во него и во Комисијата.

Болничките капацитети се речиси полни, а се полни и модуларната болница. Речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата.

Докторот специјалист по токсикологија, Нико Беќаровски е често активен на социјалните мрежи. Овојпат, тој на својот профил на фејсбук сподели статус со наслов „ЕЛЕГИЈА ЗА 2020“, а во истиот се вели:

„Бевме претпролетно и полетно насмеани, со мимика на нашите лица, секое утро започнуваше со врело кафе и два три нови вица. 8ми март секоја жена во странство или со музика го славеше,а Мицко предизборни коалиции и митинзи низ Македонија правеше.

И одеднаш пакетот од Кина, преку Италија и кај нас стигна, два позитивни пациенти од Дебар, пан ика страшна се дигна. Секој исплашен, пред телевизор, вести почна нон-стоп да гледа,заборавивме на партии, корупција, загадување и беда.

Дојде време за првиот полициски час, Скопје празно, градот аветен, нигде да се чуе човечки глас. Кластер, инкубација, вирулентност,секој ден Венко нови лекции делеше, а невидливиот непријател од еден во друг град се селеше.

Рамазан, црквена литија и гевгелиско оро крај на тишината стави, еве веќе шест месеци секој ден нови настани со “врели глави”. Само белите мантили во скафандери 9 месеци седат, секој ден, секое дежурство, нови човечки трагедии гледат.

Есенва кога секој ден е се повисок и повисок пикот, повторно стравот ни го смени ликот. Во болниците се поголем метеж, кревет плус се бара, повторно пан ика, нервоза и страв се ствара.

А се можеше со малку волја и верба во ред да се стави, само челична дисциплина со вирусов може да се справи. Но се уште можност и надеж за успех има,да не кубуриме со рестрикции цела зима.

Ако сме само шеесет дена, сите до еден со сплотени глави, верувајте на 31 декември, може на плоштад да се слави. Но ако и понатаму секој своја филозофија тера, црн ината ќе завладее, без оглед на нација или вера.“