ФБ СТАТУС ДР.ЛАЗАРОВ!

Апелирам и крајно време е да се регулира пазарот на т.н. ОТЦ препарати (лекови без рецепт) и илјадници препарати кои се продаваат како лекови а пред државата се рекламираат и декларираат како додатоци во изхрана за да се избегне регулативата која за лекови е строга!

Не може секој (најчесто човек фирма) што ќе му текне да произведува, увезува и да се богати на грб на здравствени проблеми на народот, без никаква одговорност и минимални давачки!

Сакам да знаете дека скоро никакви контроли немаат ниту подлежат на контрола на квалитет и константност на компоненти, се рекламираат со фрази “100% сигурен, клинички докажан, ефикасен и т.н.” што наверојатно е само една голрмс лага, се до момент на здравстврн проблем кога истите се изземаат од одговорност бидејќи тоа не било лек туку додаток во исхрана.

Треба да постојат редовни ненајавени теренски контроли на се тоа ќто се продава, јасно и строго дефинирање што е додаток во исхрана а што лек, и што е најбитно, сериозно да се оданочи и регулира секаква реклама на вакви производи!

Ова е една од најголемите измами на модерното време и злоупотреба на
медицината!