Лепа Лукиќ за првпат отворено проговори за коцкањето и откри како влегла во светот на овој порок.
Лепа Лукиќ низ кариерата што трае со децении доживеа вртоглави успеси, испишувајќи нови страници во историјата на српската народна музика. Но и нејзиниот приватен живот, особено љубовниот, отсекогаш бил исклучително интересен за јавноста. Луѓето особено ја сакаат поради нејзината непосредност и искреност – таа отворено зборува за сè, без задршки.
Неодамна откри кој, всушност, ја научил да се коцка, како и непознати детали од нејзиниот прв брак.
Секој брак завршил поради неверство или љубомора
Лепа била неколкупати мажена, а секој брак завршил поради љубомора или измама. Кога во 1977 година помислила дека конечно ја нашла својата мирна лука покрај успешниот естраден менаџер Владимир Перовиќ, по седум години заеднички живот настанал целосен хаос.
„Му реков дека одам на десет дена во странство да пеам. Ме однесе до аеродром, бакнежи – и заминав, наводно. Но истата вечер се вратив. Ги затекнав во спалната соба, веќе распремени. Неа ја исфрлив надвор – гола! Ме молеше да ѝ дадам облека, но не ѝ дадов. Плачеше и побегна. Подоцна ѝ ја фрлив облеката по скалите и ја избркав“, раскажа пејачката.
По судскиот развод, Петровиќ тврдел дека целата имотна сопственост ѝ ја оставил на Лепа, а за себе задржал само два автомобили и повеќе од 200 костуми.
Како почнала да се коцка?
Во својата животна исповед, Лепа Лукиќ откри дека нејзиниот прв брак пропаднал поради коцкањето на сопругот – а токму тој ја вовлекол и неа во тој свет.
„Сега ја кажуваме вистинската вистина – јас него го оставив затоа што се коцкаше. Ми остави ‘спомен’. Ме навлече и мене да научам да играм. Јас го напуштив поради коцката. Тој ветуваше дека ќе престане, а јас тогаш не знаев ни што е кец. Ова е интересна приказна, никогаш досега не сум ја раскажала. Се разведувавме во Краљево, судијата нè молеше да се помириме. Реков дека не доаѓа предвид – човекот не можеше да се откаже од коцката. Тој рече: ‘Нека ми се врати, ќе се заколнам и ќе потпишам дека повеќе нема да играм’. Кога му одговорив дека тоа го повторувал сто пати, ми рече: ‘Сега навистина нема, гледам дека ќе те изгубам’. Но јас не прифатив“, раскажа Лепа во подкастот „На крилјата на змејот“.
Ја прогонувал и по разводот
Како што истакна, поранешниот сопруг продолжил да ја прогонува и по разводот.
„Ме прогонуваше и по разводот. Се враќам од концерт, имав стан во Белград, ми се јавува и ми вели: ‘Нема да имаш мир од мене. Нема да имаш љубов со никого, нема да те пуштам. Цел живот ќе те следам’. Се плашев од него. Во меѓувреме запознав едно момче – бев слободна, млада жена. Имав средба со него, но се плашев дека поранешниот ќе ме причека некаде. Ми велеше: ‘Секоја ноќ ќе те чекам пред куќа, каде и да тргнеш – јас сум таму’. Мислев дека се шегува. Еднаш, знаејќи дека ме следи, се вратив од концерт, го изгасив светлото и се преправав дека спијам. Почекав половина час и излегов низ дворот да фатам такси. Кога стигнав до автомобилот, некој ме фати за врат – беше тој. Ме праша: ‘Каде тргна?’, а јас му реков: ‘Никаде’“.
Големата љубов по 50 години
Лепа Лукиќ пред неколку месеци ги воодушеви сите кога призна дека ѝ се јавил маж со кој се забавувала пред повеќе од 50 години – и дека повторно се заљубил во неа.
Таа раскажа дека тогаш имала 26 години, штотуку го снимила хитот „Од извора два путића“ и започнала голема кариера. Во Германија имале врска што траела една година, но животот ги однел на различни страни. Тој се оженил, таа се посветила на кариерата.
По цели 50 години, човекот ја изгубил сопругата, се вратил во Србија и повторно ѝ се јавил.
„Ми рече дека повторно се заљубил во мене, дека сум убава жена и дека никому не би ме дал. Ми годеше тоа дружење, но ништо не се случи – освен платонска љубов“, призна Лепа.
Таа истакна дека не ѝ е жал што тогаш ја избрала кариерата наместо љубовта.
„Не ми е жал. Тогаш само што започнував. Тоа беше младешка љубов, далечина, обврски. Секој си тргна по својот пат. Денес, по толку години, само сакавме да се видиме и да се чуеме“, заклучи Лепа Лукиќ.
