Мажот и рекол на сопругата дека мора да замине надвор од градот поради службеното патување, а всушност тој отишол во црква да се ожени со друга жена.

Сепак, она на што Абрахам Мујунда, татко на три деца, не сметаше е дека неговата сопруга ќе се појави на свадбата во црквата и ќе ја прекине церемонијата.

– Оваа свадба не смее да продолжи, овој човек тука е мојот сопруг – рече таа додека одеше кон младоженецот и невестата.

Не е познато понатаму што се случило со нивниот брак, но може да бидеме сигурни дека не му се пишува добро на младоженецот.