Ограничувањето на четири гости по домаќинство во време на куќни слави ги мотивираше правите домаќини да бидат креативни доколку сакаат да угостат повеќе гости од пропишаното, без да ги прекршат мерките препораките.

Токму такво генијално решение има Димче М. од Драчево, кој се досетил да изнајми автобус на Јавното сообраќајно претпријатие и во него да угости околу стотина гости од најтесното семејство.

– Син ми се жена летово и бевме приморани да направиме мала свадба, со само 300 гости. Митровден ни е куќна слава и го чувавме како златна резерва за да обелиме образ пред тие стотина што не можевме да ги угостиме тогаш ама новите мерки се’ ни расипаа. Среќа ни текна на ова, а голем плус беше што ЈСП не ни направи проблем, а фала богу ниту попот, кој за само 1000ка екстра се согласи и да го вози автобусот. – рече за Кооперација овој иновативен домаќин.

Славата ќе сообраќа на линија број 41, на 8 ноември помеѓу 18:00 и 24:00 и ќе биде затворена за сите што не се поканети да присуствуваат.

Kooperacija.mk