Аргентина разви антиковид-серум, и тој ќе се дистрибуира оваа недела.

Државата ги заврши клиничките испитувања за хиперимун серум против коронавирусот, развиен од антитела земени од коњи, а неговата дистрибуција ќе започне во наредните денови, објави компанијата вклучена во студијата за серум. Серумот, кој ќе го пропишуваат лекари во болници и други медицински установи, е произведен од аргентинската компанија за биотехнологија „Имунова“, објави Ројтерс.

Антиковид-серумот веќе ја помина последната фаза од клиничките испитувања, рече таа.

„Во моментов, фабриката произведува околу 60.000 шишиња серум месечно, што значи помеѓу 12 и 15.000 третмани, бидејќи третманот зависи од тежината на пациентот, така што варира помеѓу 4, 5 или 6 шишиња по пациент“, соопштија од „Имунова“.

Откако Аргентина биде снабдена со овој серум, „Имунова“ е во контакт со неколку земји од Латинска Америка и размислува за натамошно зголемување на производствениот капацитет.

„Веруваме дека ќе произведуваме 1.000.000 шишиња месечно во март“, рекоа од „Имунова“.

Aргентина има над 44.000 починати од коронавирусот.
Буенос Аирес, град до 14 милиони жители во текот на летото 17 дена беше во карантин.

И главниот град на Венецуела, Каракас беше во карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Faktor.mk