Македонскиот филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик Игор Радев се најде на листата од најистакнати синолози во светот за 2024 година што ја прави Светскиот синолошки центар на Пекиншкиот јазичен универзитет.
Игор Радев во топ 10 синолози во светот според листата направена во Светскиот синолошки центар во Пекинг
Македонскиот филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик Игор Радев се најде на листата од најистакнати синолози во светот за 2024 година што ја прави Светскиот синолошки центар на Пекиншкиот јазичен универзитет.
Станува збор за годишна ранг листа на 10 научници што оствариле исклучителен придонес во научната област на синологијата во таа година, изработена од страна на Светскиот синолошки центар при Пекиншкиот јазичен универзитет.
Како научник, којшто ја цени класичната кинеска философија, преведувајќи и истражувајќи дела какви што се оние на Лао Це и Конфуциј, македонскиот синолог Игор Радев не само што претставува мост на поврзување помеѓу кинеската и западната култура, туку презема и улога на еден вид амбасадор на меѓукултирните комуникации.
Своевремно има студирано во Вухан, а подоцна завшил и докторски студии на Пекиншкиот Нормален Универзитет, стекнувајќи притоа длабински увид во процесите на заемно проникнување на кинеската традиција и модерноста.
Игор Радев цврсто верува дека дијалогот помеѓу кинеската и западната култура ќе резултира со обострано продлабочено разбирање и соработка.