Нема сомнеж дека едно од најомилените јадења кај нас е токму гравот. Но секоја домаќинка има свој посебен рецепт како да го направи, овие совети во продолжение ќе ви помогнат да не правите грешки, а ова јадење да ви испадне превкусно.

1. Го вариме предолго или прекратко. Варењето грав е вистинска мала гастро ‘наука’, бидејќи никој не може да ви каже точно колку тоа трае. Сè зависи од типот на гравот и од тоа дали станува збор за помлад или посув грав.

Сувиот грав може да се вари многу долго, понекогаш и до два часа, во зависност од тоа колку е стар и дали доволно долго претходно бил во вода. Варете го додека не стане мек.

Младиот грав се готви кратко, 30 минути. Истото важи и за младиот грав кој претходно сте го замрзнале. За време на готвењето, редовлно проверувајте ги двата типа, бидејќи само така ќе бидете сигурни дека нема да се превари.

2. Сувиот грав не стои доволно долго во вода. Старото правило вели дека мора најмалку 8 часа да биде во вода. Најдобро би било да остане да ‘мирува’ преку ноќ, а некогаш луѓето го држеле во вода и до 24 часа.

На една шака сув грав се додаваат 10 мали шолји ладна вода. Ако се брзате и немате време, ќе ви помогне брзата верзија од оваа постапка. На една шака сув грав додајте 10 шолји топла вода која мора да зоврие, а потоа оставете ја да врие 3 минути. Потоа гравот тргнете го од оган, покријте со капак и оставете да отстои така минимум еден час.

3. Не ставате доволно зеленчук. Токму тоа му го дава на варивото потребниот вкус. Затоа, не штедете на кромид, лук, моркови, домати, корен од магдонос и целер.

4. Ставате премногу суво месо. Тајната на добриот грав е во балансот помеѓу зеленчукот и месото. Премногу сувомеснати производи ќе му дадат на варивото вкус и ќе ја ‘убијат’ сладоста што ја дава зеленчукот.

5. Претерувате со зачини. Тоа пред сè се однесува на солта, особено ако во варивото ставате многу суво месо. Кога посолувате, водете сметка за тоа дека сувото месо и колбасите се намирници кои сами по себе се многу солени. Бибер, црвена пиперка и феферони дозирајте по ваша желба.

error: Content is protected !!