Во ,’90 тите години интензивно работев со Бугарија како туристичка дестинација.

Едно семејство од Загреб, преку бугарската амбасада во Белград , одделението БАТО , одговорно за туризам во Бугарија , го добиле мојот број во мојата ТА. Тогаш, немавме мобилни , молеа да им закажам и одведам кај Баба Ванга во Рупите.

Од богатата тур. пракса , ова ми беше ,,сефте,,. Добрите деловни врски, не’ ставија први за ,,гледање,, тоа утро. Седнавме тројцата наспроти неа, божем да преведувам. Баба Ванга , изнакажа толку нешта за трагичната случка на луѓето од Загреб , во 10 минути ,,исцеди, како лимун еден дел од нивната трагична судбина.

Јас сум тврдокорен и неверувачки Скорпион во такви ,, глупости,, и сакав да ја ,,тестирам,,. Замолив и мене да ми каже збор- два за моите семејни проблеми. Немав ниту најава, ниту уплата, за странци 50 $. Не ми побара, побара ,захар”.

Гледаше на коцки шеќер кој секој најавен ги носел со себе. Немам. Часовник имаш ли ? И го ставив на масата, го покри со рака и праша : ,, Тоа часовник от Солун ли ти е ?,, Паднав под масата, часовникот го купив пред една недела во Солун…

error: Content is protected !!