Скопје смета дека можат да се служат со трикови, како досега, Бугарија да ги поддржи и да ни забодат нож, изјави бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов за националната БТВ.

Тој рече дека „Македонија не го почитува Договорот за добрососедство и дека влез во ЕУ не може да очекува без решавање на спорните билатерални прашања“.

– Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат, вели Каракачанов.

Според него, македонските Влади започнувале конфликти со земјите од целиот регион.

– Прво почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, скандалите со Бугарија – и тоа цели 28 години.

Од оваа причина, некои Бугари доаѓаат од Македонија и земаат бугарско државјанство, вели Каракачанов.