Света Петка Римска во православието е признаена како христијански маченик, која живеела во текот на 2 век.

Таа била родена во Рим, во времето на владеењето на императорот Адријан, од христијански родители – татко Агатон и мајка Политеја. Нејзините родители долго време немале деца и постојано му се молеле на Бога да им подари барем едно дете. Нејзиното име произлегува од тоа што таа била родена на денот петок.

Бидејќи по потекло била од грчко христијанско семејство, таа го добила името Параскеви, односно “петок” на грчки, што е вообичаено грчко женско име.

Оттука, св. Петка е позната и под името: Света преподобна маченичка Параскева Римјанка. Бидејќи, таа била родена во петок, денот кога верниците се подготвувале за празнување на саботата (Пасха), името Параскева означува и “подготовка.”

Родителите на Параскева биле во добра материјална состојба, што овозможило таа да се здобие со добро образование. Уште од млади години, таа била воспитувана во духот на христијанството, така што кога научила да чита, Библијата била нејзиното омилено четиво. Исто така, како задолжителен дел од образованието на децата од добростоечките семејства во тоа време, таа ја изучувала темелно и филозофијата. Привлечени од нејзината извонредна убавина и интелигенција, многу синови на угледните семејства ѝ нуделе брак, но таа ги одбила сите.

Светителката му објасни која е таа, му кажа да не се плаши, па малиот Јаков срамежливо се вратил назад во црквата. Седнал покрај неа и внимателно ја слушал. Света Параскева потоа му се јавила повеќе пати.

Сите деца одеа на училиште еднаш дневно, а малиот Јаков два пати. Ја обожаваше наставата бидејќи се одвиваше во црквата на Светата Параскева. Доцна попладне доаѓаше за да го запали кандилото. Сакаше да доаѓа сам и остануваше до зајдисонце. Потоа ќе се пуштеше низ ридот, кон својот дом, оставајќи ја црквата и боровата шума зад себе.

Но, едно попладне, додека се молел, а тогаш имал осум – девет години, му се јавила Светата Параскева како монахиња, како што била преставена на иконата. Детето се исплашило, побегнало и стигнало задишано дома. Од страв не се осудил ни да погледне зад себе.

Следниот ден повторно дошол во црквата за да запали кандило и повторно му се прикажала Света Параскева. Повторно се исплашил. Почнал да трча по удолницата, но светителката излегла од црквата и почнала да му зборува со блажен глас, и го смирила. Престанал да трча и се свртел да види кој му зборува.

Светителката му објаснила која е таа, му кажала дека не треба да се плаши од неа, па малиот Јаков собрал храброст и срамежливо се вратил назад во црквата. Седнал покрај неа и внимателно слушал. Света Парескева по овој настан му се јавила уште неколку пати во животот.

Што сакаш мој Јакове да ди подарам заради твоите молитви и затоа што постојано го средуваш мојот дом?

Бидејќи Јаков не знаел што да и побара, вечерта и кажал и ја прашал својата мајка Теодора за тоа.

Таа го советуваше просто:

Нека ти каже и нека ти даде она што ќе те направи среќен.

Вториот ден светителката повторно се појавила и му кажала:

„Слушни ме. Ќе доживееш голема слава и во твојот живот многумина ќе те ценат. Луѓе од сите краишта ќе доаѓаат да те видат, многу пари ќе дојдат во твоите раце, но нема како на другите да ти го расипат животот, туку ќе ти помигнат да станеш уште посилна личност“.

И навистина нејзините зборови се остварија. Старецот Јаков го почитуваа и богатите и сиромашните, мудрите и неписмените, државните претставници и простиот народ, универзитетските професори и судиите, монасите, свештениците, епископите и патријарсите. Го почитуваат сите! Сите тие доаѓаа во последните неколку години во манастирот за да го запознаат, да се исповедаат, да им биде од духовна корист, да ги поучи, да добијат негов благослов.

Во тие последни години од неговиот живот му даваа и многу пари како прилог, но кои тој веднаш ги делеше на оние што имаа потреба за нив, и ништо од тоа не остануваше во неговото кесе, а кесето каде што стоеја парите никогаш не беше празно, колку и да им делеше на другите.

Тој самиот, кога го раскажуваше ова, знаеше да додаде:

А зарем браќа мои и сестри, Света Параскева ме лажеше? Зарем малку среќа мене ми даде во животот? Ме направи свештеник на светите Божји тајни.