Што мисли математичкиот гениј за глобалната вакцинација?

Лутајс Мекеш има само 26 години, а веќе е доктор по науки и професор по математика на Универзитетот во Лестер.

Поради авто-имуната болест ретко кога излегува од дома од март, откако започнала европската епидемија со вирусот. А тој знае што не чека. Дали знае и што ќе не чека во 2021. година?

Лутајс тврди дека знае, и нема добра прогноза за следната година.

Овој математички гениј за кој британските медиуми тврдат дека од месец март непогрешливо ги предвидувал сите работи што се однесува на борбата на човештвото против коpонавирусот и брзината на пронаоѓање на вакцината, вели дека самите сме виновни што дојдовме до втор и трет бран, како и да го третираат луѓето.

“Коpонавирусот на ист начин ќе ги обликува нашите животи и ќе ни создава огромни проблеми уште две години. Значи, до средината на 2022. година не очекувајте решение. Ниту со вакцините. Прво, затоа што и доколку се појават, а верувам дека тоа ќе биде многу брзо, нема сите да се вакцинираат. Второ, доколку одредена, не мала група од луѓе од светот не се вакцинира, со самото тоа вирусот и понатаму ќе циркулира”, тврди тој.

Овој Шкот кој надвор излегува само кога мора, навечер да се прошета со кучето или со партнерот, истакнува дека отсуството на траен карантин односно локдаун во 2020. година направи сега сите да сме на колена. Еве и кое е неговото главно предвидување за следната година.

“Единствениот начин за кој знам дека е невозможен, но е и единствениот начин да се искорени вирусот е наредните 12 месеци сите да бидеме во колективен карантин. Бидејќи е реално невозможно да се изведе, овој вирус ќе ги крои нашите животи уште околу 2 години.

Дури и со вакцинацијата. До летото имав математички модели кои беа стопроценто точни, но не размислував дека толку многу луѓе на Островот, па и во Европа ќе ги игнорираат мерките. Тоа ме натера да направам нов модел на однесување и моите бројки покажуваат дека до средината на 2022. година нема мир”, вели Мекеш.

“Мораме сите да се затвориме дома. Државите меѓусебно да си помагаат, луѓето да имаат од што да живеат, но колективното затворање е единствениот начин да го победиме вирусот до крајот на следната година. Во спротивно, ништо до срединатан а 2022. година.

Јас не сум вирусолог ниту пак епидемиолог, туку научник кој следи низ бројки и реакции на луѓе кои следат кога ќе дојдат некои нови одлуки на Владите. Според она што сега го гледам, а тоа е дека огромен број луѓе во Велика Британија и Европа се лути на новите мерки и не носат сите маски и не се придржуваат до правилата, не сум ниту малку оптимист”, додаде тој.

На крајот истакнал и што ќе се случува во 2021. година, според неговите математички модели.

“Ништо добро. Во февруари не очекува нов бран, еднаков жесток како овој. Карантинот повторно ќе се воведе на почетокот на летото и ќе трае до Нова година. Друго решение нема, и тоа ќе го видат и политичарите. Уште во март реков дека две години ќе имаме проблеми со вирусот и како што сега работите стојат, одиме кон тоа”, вели Мекеш за Дејли Стар.

error: Content is protected !!