Ангела Лавровска (18) од Битола нејзиниот музички талент го претстави во живо пред стручното жири на новото музичко талент шоу „ЗАБЛЕСКАЈ“ после што продолжува во полуфинале:

„СВИРЕЊЕТО ПИЈАНО МИ Е ГОЛЕМА ЉУБОВ А НАЈМНОГУ ЈА САКАМ ПОП-МУЗИКАТА. ПА ЗАТОА, НАЈЧЕСТО ПЕАМ ЗАБАВНИ НУМЕРИ. УШТЕ ОД МАЛИ НОЗЕ ЈА САКАМ МУЗИКАТА, А НИЗ ГОДИНИТЕ СЕ ТРУДАМ ДА ЈА НЕГУВАМ ТАА ЉУБОВ И ДА ГО РАЗВИВАМ СВОЈОТ ТАЛЕНТ.

ОД МАКЕДОНСКАТА СЦЕНА НАЈМНОГУ ГИ СЛУШАМ ЕЛЕНА РИСТЕСКА, АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА, КАРОЛИНА ГОЧЕВА, КАЛИОПИ ИТН. ИСКРЕНО НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ КОЈ Е МОЈОТ МУЗИЧКИ ИДОЛ, БИДЕЈЌИ ИМАМЕ МНОГУ ОДЛИЧНИ ИЗВЕДУВАЧИ ОД КОИ МОЖЕ МНОГУ ДА СЕ НАУЧИ“… НИ ИЗЈАВИ АНГЕЛА.

Нејзината изведба ја имате на 27.12 минута од ова видео:

Нека и е со среќа и ние ќе продолжиме со поддршка на нашата млада и талентирана битолчанка!

error: Content is protected !!