Луѓето беснеат по овој ценовник од хрватска плажа
Несекојдневен случај од плажа во Хрватска налути многу туристи! Имено, барот на плажа во Водице наплаќа место за пешкир!
Како што наведоа, цената е вистинска „ситница“ и изнесува 4 евра.
Порталот Morski.hr стапил во контакт со „другата страна“, а соговорникот рекол дека не се работи за плажа, туку за приватен имот на 10 метри над самата плажа, т.е. на поморски имот и како сопственикот и концесионерот може таму да „наплаќаат воздух ако сакаат“.
Како што пишува овој сајт, „не се согласивме со тоа“, бидејќи за тоа мора да имаат регистрирана дејност, а дополнително да издаваат и фактури. Во тој случај услугата може да ја наплатат и по милион евра, а без сметка – не се брои.