Дури и откако неколку дена била во болница поради инфекција со ковид-19 и пневмонија, Филамена Белоне едвај чекала да се врати дома за да може да продолжи да го работи она што најмногу го сакала – да учи деца.

„Белоне им предаваше преку ден преку Зум на учениците со потешкотии во однесувањето, а навечер работеше по телефон со оние ученици кои немаа интернет“, рече нејзиниот брат Филип Белоне за Си-Ен-Ен.

Кога се вратила дома од болницата, наставничката во трето одделение продолжила да предава иако морала да носи маска со кислород за време на часот.

“Таа само размислуваше како да продолжи да ги учи децата. Наместо да биде во болница, таа одржуваше часови преку Интернет со маска за кислород. Но, тогаш нејзината состојба се влоши, дојде до степен да не може повеќе да дише “, рече братот.

Две недели подоцна таа повторно завршила во болница и наскоро била ставена на респиратор. Но, на 11 декември ја изгубила битката со коронавирусот и починала во болница во Ново Мексико.

Филамена Белоне била целосно здрава 44-годишна жена пред инфекцијата со ковид-19, која често вежбала и живеела здрав живот. Зад себе остави три деца и едно внуче.

Почнала да се чувствува лошо на 12 ноември. На почетокот имала многу благи симптоми, но поради постојаната кашлица завршила во Ургентниот центар. Лекарите и дијагностицирале ковид-19 и пневмонија. Тие и дале кислород и ја оставиле во болница три дена.

Но, едвај чекаше да се врати дома, рече нејзиниот брат, па од болницата отиде дома со резервоар за кислород и маска и продолжи да одржува онлајн часови.

За две недели, нејзината состојба се влошила и се вратила во болницата и била ставена на апарати за дишење на 6 декември. Семејството веќе знаело колку е опасна ситуацијата, зашто на Филамена веќе и починала тетка и вујко откако завршиле на респиратор поради инфекција со коронавирус, но мислеле дека таа сепак ќе се опорави.

“Пред тоа, таа беше здрава и жива. Таа го увери семејството дека е добро. Мислевме дека сè ќе биде добро затоа што немаше толку страшни симптоми, но тоа беше затоа што криеше од нас колку и е тешко”, рече братот.

Лекарите откриле згрутчување на крвта во белите дробови на Филамена, а наскоро и требала дијализа затоа што и откажале и бубрезите. Таа на крајот починала.

error: Content is protected !!