Ова е најдобриот природен лек за дишните патишта кога сте заболени од грип или настинка, да продишете со полни бели дробови.
Бидејќи со студеното време ни доаѓаат и настинките, грип, затнати синуси, затнат нос, кашлица и густ секрет, добро е да си го запишете рецептот за овој домашен лек кој ќе ви помогне полесно да продишете после некоја силна настинка или грип.




Луѓето кои го објавија рецептот тврдат дека ова е спас за целото семејство, а може да го консумираат и деца постари од 2-3 години, бидејќи содржи мед (и со консултација на лекар).




Потребни состојки:
- 1 шолја мед
- 1 шолја лимонов сок
- 5-7 црни ротквици
- 1 главица црвен кромид
- 6 чешниња лук
Постапка:
Зеленчукот излупете го и измијте го, исечете го на малку поголеми парчиња и ставете ги во блендер, додадете мед и лимонов сок, па убаво измиксајте додека да добиете мазна изедначена смеса.
Процедете низ густа ткаенина, складирајте во стаклени теглички и чувајте во фрижидер една недела. Возрасни треба да земаат по две лажици од овој сок, еднаш дневно или повеќе доколку има потреба, а деца земаат по една лажица дневно или повеќе по потреба.
Веќе во првите 24 часа ќе започнете да го исфрлате секретот и ќе почувствувате олеснување во белите дробови.