Ако сте љубител на кисели краставички, имаме прекрасни новости за вас – сокот што останува во теглата откако ќе ги изедете е исто така многу здрав!

Киселите краставици содржат многу вода и минерали, претежно калиум, магнезиум и манган, па затоа се одлични за хидратација и детоксикација.

Исто така, вкусните кисели краставички имаат моќ да го регулираат крвниот притисок и да го подобрат варењето на храната.

Одлични се и за отстранување на сите штетни материи од организмот, и се вистинска ризница на витамин А, влакна и силикон, што е важно за здравјето на кожата.

Сè што може да се направи со сокот што содржи кисели краставички, плус уште 5 одлични работи!

Спречува дехидрација и ја гаси најсилната жед

Ако сте многу жедни, пијте малку сок од кисела краставица наместо вода. За брзо да ја задоволите жедта, треба да внесете калиум и натриум, а бидејќи овој напиток ги содржи двата минерали, тој веднаш ќе ве освежи.

Ги релаксира мускулите

Ако се чувствувате исцрпено по тренингот, пијте го овој сок. Тоа ќе ја олесни болката во мускулите и ќе им помогне што побрзо да закрепнат.

Евтина замена за спортски пијалоци

Пијалоците што ги пијат спортистите воопшто не се ефтини, но сокот од кисела краставица е, и содржи сè што ви треба, пишува „Совети за здрава храна“.

Инјекција на витамини и антиоксиданти

Верувале или не, сокот од кисела краставица содржи голема количина витамини Ц и Е.Пополн е и со антиоксиданти, а оваа комбинација ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ја подобри општата состојба на организмот.

Помага при слабеење

Исто како и јаболков оцет, сокот од кисела краставица може да помогне во слабеењето! Пијте барем една лажица на ден и брзо ќе видите подобрување.

error: Content is protected !!