Можете ли да замислите дека една жена која е веќе 60 години готвачка и има 120 години работен стаж не користела ниту еден викенд, а само 4 пати отишла на одмор? Ваквата жена постои и се вик Будиирка Буда Младеновиќ. Таа е готвачка веќе 60 години во мотел Сопочани кај Нови Пазар.

Таа работи во две смени секој ден, спие три-четири часа и утрото повторно така – секогаш беше на нозе. Никогаш не отишла на боледување.

Нејзиниот живот бил кујна, всушност кујната на мотелот „Спожани“ стана нејзин дом. Баба Буда е широко позната по своите кулинарски вештини, а особено по телешкото кое го прави на жар – тембал е името на тој специјалитет.

– Пораснав во сиромашно семејство, чував овци, а мајка ми ми рече да се вработам тука како готвач и така го добив мојот прв динар. Таа ми рече дека само така може да си купам фустан во кој би можела да се омажам – вели Будимирка.

Таа немала идеја дека времето од 1954 година до денес ќе го помине во кујната, каде што стана мајстор за домашни сцепцијалитети, како тембал, скара, пити, колачи, јагне под вршник.

Дури и државници и дипломати доаѓале во мотелот да ги пробаат специјалитетите на Буда. Нејзините јадења ги пофалија дури имиња и како Тито, Кардељ, Ранковиќ.

Денес, Будимирка Младеновиќ има 85 години и 120 години работен стаж. За 60 години работа таа добила една соба за користење, во која само преспива бидејќи поголем дел од денот е во кујната каде што работи се децении со исто темпо од утро до полноќ и сè уште успева да подготви храна за околу 100 луѓе секој ден.
Skopje24.mk