Доналд Трамп се пресели од Белата куќа во уште поголема куќа, резиденцијата на Мар-а-Лаго на Флорида.
Мар-а-Лаго, или Зимска бела куќа, е на 22-то место на листата на најголеми куќи во САД, со 5.800 квадратни метри, додека Белата куќа во Вашингтон е на 33-то место со 5.100 квадратни метри.
Приватниот клуб и одморалиштето на Трамп во Палм Бич беше засолниште за неговото семејство додека беше претседател и кога сакаше да се одмори, а сега тоа ќе биде неговото место на постојан престој, пишува Бизнис инсајдер.
Трамп го купи целиот имот, кој има осум хектари, во 1985 година за осум милиони долари и го избра за своја официјална резиденција, наместо во Њујорк, во 2019 година.
Членарината во неговиот клуб чини 200 000 УСД, без да се сметаат годишната такса од 14 000 УСД и задолжителните минимални трошоци за ручек од 2000 УСД. Се проценува дека клубот брои околу 500 члена.
Мар-а-Лаго излегува од едната страна кон Атлантскиот океан, а од друга до крајбрежниот канал кој е поврзан со океанот.
Зградата, изградена во 1927 година, има 128 соби, а соседството има неофицијално име ред на милијардери. Според Блумберг, просечниот годишен приход во оваа област е 1,37 милиони долари по лице, што е трет најголем приход за некој дел од градот кој има свој поштенски код во САД.
Според американските медиуми, Трамп заработувал помеѓу 15 и 25 милиони долари годишно од овој имот.