Ориганото е медитеранско растение кое важи за едно од најлековитите растенија во светот. Неговото масло е многу ценето, а се добива од дивите видови на оригано со посебен процес на дестилација со цел да се зачуваат сите лековити својства.

Постојат над 40 видови оригано. Во кулинарството се користи Origanum Vulgare, но за најлековито се смета Origanum Minutiflorum, кое содржи дури до 90 проценти од активната лековита состојка карвакрол. Старите Грци го применувале маслото од оригано за лечење на рани и за лечење на тегобите на дишните патишта, а во средниот век станало популарно во Европа, каде се користело за лечење на инфекции.

Лековитите својства на маслото од оригано

Највредната лековита материја во маслото од оригано е карвакролот, состојка која има силни антибактериски својства. Британските научници потврдија дека маслото од оригано е ефикасно против 25 различни бактерии, а најмногу против повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции на дебелото црево и уринарниот тракт, тифус, колера, чиреви и кожни инфекции. Освен што ги уништува бактериите, маслото од оригано има силни антивирусни својства, односно ефикасно штити од грип, настинки, варичела, заушки и друго. Меѓутоа, интересно е што може да ја запре болеста веќе при појавувањето на првите симптоми.

Ги уништува и тврдокорните бактерии

Докази за лековитите својства на маслото од оригано има се повеќе. Делува против многу видови бактерии и вируси кои го менуваат обликот и со тоа го отежнуваат лечењето. Агресивните антигабични својства на маслото од оригано ги спречуваат тврдокорните инфекции како кандидијази, габични инфекции на ноктите, темето и стапалото. Кај кандидијазите маслото се пие, а кај габичните инфекции на ноктите може да се применува локално. Ако се работи за габична инфекција на кожата на главата која предизвикува појава на првут, се препорачува додавање на неколку капки масло за време на шампонирањето.

Можно е и делување против ракот

Маслото од оригано може да стане дел од терапијата за лечење на ракот. Научниците го тестираа делувањето на карвакролот на малигните клетки на простата. Едно истражување претставено во април 2012-та во Сан Диего покажа позитивни резултати.

Ги спречува алергиите

Маслото од оригано содржи рузмаринска киселина, која е силен антихистамин и помоќен антиоксиданс од витаминот Е и најчесто се користи во лечење на алергиските реакции, бронхијалната астма, ревматоидниот артритис и гингивитис, така што само инхалирањето на маслото помага кај алергиите.

Го забавува стареењето

Антиоксидативните својства на маслото од оригано се благотворни за долготрајно чување на здравјето. Тоа штити од слободните радикали и ги регенерира веќе оштетените клетки. Познато е дека антиоксидансите го забавуваат стареењето, штитат од рак, спречуваат макуларна дегенерација, губиток на видот и слухот, нервни пореметувања и многу други болести поврзани со делувањето на слободните радикали.

Прва помош при убоди

Маслото од оригано има моќ да ги неутрализира отровните убоди – од пчели, оси, змии и пајаци, а исто така корисно е и за спречување на инфекции, ублажување на воспаленијата и болките при раните.

Помош при спортски повреди

Ги олеснува грчевите и болката во мускулите, ги лечи повредите, воспаленијата на тетивите и слично, а неговите антивоспатилелни својства истовремено го прават и моќен лек за артритис. Од сите врсти на оригано, три се најлековити: Origanum Vulgare, Origanum Onites и Origanum Minutiflorum. Првите две содржат 30 до 60 проценти карвакрол, додека Origanum Minutiflorum содржи дури 80-90 проценти од оваа активна состојка. Поради високата концентрација на карвакрол, од Origanum Minutiflorum најчесто се прави лековитото масло.

error: Content is protected !!