Ако успееме да се смириме, ќе препознаеме дека многу од средбите со бедните, сиромашни и „валкани“ луѓе и дечиња ни се од Бога дадени прилики да си ги очистиме срцата и душите од себичноста, суетноста и среброљубието кои толку лесно се прилепуваат за нас, посебно во ова време.

Но, двоен е нашиот грев. Не само што ги отфрламе „валканите“, преку кои може ние да се очистиме, туку правиме и сè и сешто за да се прилепиме за оние „чистите“, кои всушност само ни ја доизвалкуваат душата со себичност, гордост, среброљубие и славољубие.

Затоа св.Јован Златоуст има кажано: „Ако не го пронајдеш Христос во просјакот пред вратата на црквата, нема да го најдеш ни во Причеста.“

Христе, Боже наш, Ти Кој секогаш беше, и засекогаш остануваш Ближниот на сиромашните, бедните и валканите, помилувај нè нас „чистите“, и прости ни…

error: Content is protected !!