Денес, чистиот воздух станува редок ресурс, што значи дека повеќе од кога и да било, мора да обрнеме внимание на нашите бели дробови и на знаците што ни ги даваат кога нешто не е во ред.

Некои од овие знаци се прилично лесни за отфрлање, но ако обрнете внимание, тие можат да ви го спасат животот.

Кои се симптомите што можат да укажат на тоа дека треба да се грижите за здравјето на белите дробови?

1. Болка во грбот и рамото

Иако е индициран како редок симптом, болката во грбот, рамото или дури и во градите може да укаже на почеток на карцином на белите дробови, кој доколку се открие во раните фази, во повеќето случаи може да се лекува. Ако оваа болка е потешка и трае подолго од вообичаените проблеми со грбот, или ако често ја доживеете, веднаш побарајте лекар.

2. Кашлица

Кашлањето може да биде индикативно за нешто едноставно како обична настинка, но исто така може да биде симптом на хронична болест. Акутната кашлица може да биде знак на карцином на белите дробови, особено ако се комбинира со други симптоми како што е кашлица со крв.

3. Скратен здив

Скратен здив најчесто е предизвикан од срцеви или белодробни состојби како астма или алергии. Ако го доживувате ова, добра е идејата да ја смените околината и да се обидете некое време да излезете од градот или да пробате поефективни вежби.

4. Жолти очи и кожа (жолтица)

Звучи чудно на прв поглед, бидејќи оваа болест е јасен показател за проблеми со црниот дроб кои можат да бидат предизвикани од карцином на белите дробови. Жолтицата е состојба која ја „обојува“ кожата жолто. Исто така, влијае на склерата (белиот дел од окото), ја обојува во бледо жолта боја, а кај акутни заболувања во темно жолта боја.

5. Недостаток на енергија

Секој од време на време се чувствува уморен, тоа е нормално. Лишувањето од сон или стресот може да бидат причини за замор, но ако многу често се чувствувате необично уморно, вашата кашлица не престанува и го губите апетитот, може да имате сериозна болест.

error: Content is protected !!