Посно похување во пиво со пченкарно брашно и гриз од пченка (палента).

Вака може да се направи било каков вид риба (морска, од река, а одлично е и за сите видови флети), посни ќофтиња, тиквични, модар патлиџан, печени пиперки и уште многу други видови зеленчук.

Состојки:

– 1кг. риба – 3 лажици брашно – 2 лажици палента – 1 лажица ситна црвена пиперк – 1 лажица сенф – 2 прстофат сол – малку бибер – 200/230мл. кисела вода – 200гр. презла – масло за длабоко пржење, околу 600мл.

Подготовка:

Рибата исецкајте ја како што ви одговара, исушете ја во салфетка и посолете. Направете смеса од сите наведени состојки, освен презлата.

Ставете ги парчињата риба во подготвената смеса, а потоа во презлата. Пржете на жешко масло, доколку се поголеми парчињата, поставете ја температурата на ринглата на средина. Послужете со маринада од лук, лимон, компир салата или помфрит.

error: Content is protected !!