Кога еден старец починал во дом за стари лица, сите верувале дека зад себе не оставил ништо вредно. Не можеле да веруваат кога ја сфатиле нивната грешка.

Подоцна кога сестрите поминувале низ оние малку работи кои Макс Филисер ги поседувал, ја пронашле оваа песна, чиј квалитет и содржина толку ги импресионирале што копии им доставиле на сите вработени. Една од сестрите ја однела својата копија во Мелбурн, а оттаму песната се проширила како шумски пожар по цел свет – едноставна, елоквентна и неверојатно емотивна.

Стариот човек 

Што гледате сестри? Што гледате?

Што мислите кога ме гледате?

Старецот кој не е особено мудар,

несигурен од навика, со  поглед кој скита..

На кого му врие храната, но не одговара кога ќе кажете гласно

Кој изгледа како да не ги забележува работите што ги правиш

И кој секогаш губи.. чевли или чорап?

Кој, спротивствувајќи се или не, те пушта да работиш по волја

Со бањање и хранење да го исполниш долгиот ден?

Го мислиш ли тоа?

Дали го гледаш тоа?

Отвори ги очите сестро, бидејќи не гледаш во мене.

Ќе ти кажам кој сум додека седам овде толку мирно

Додека го правам она што го сакаш

Додека јадам по твоја волја.

Јас сум дете од десет, со татко и мајка

Браќа и сестри кои се сакаат едни со други

Шеснаесетгодишен маж со крилести крилја

Кој сонува дека наскоро љубовта ќе ја спознае.

Младоженец од скоро дваесет

Се сеќавам на заклетвата која ветив дека ќе ја одржам.

Со дваесет и пет, сега ги имам моите деца кои треба да ги водам

И среќен, и топол дом да им обезбедам.

Човек од триесет

Моите млади растат брзо, поврзани едни со други

 со врски што ќе траат.

Со моите четириесет

моите млади синови.. израснаа и заминаа

Но, мојата сопруга покрај мене е

да ме теши да не жалам.

Со педесет, повторно бебињата си играат околу моите колена

Ги знаеме децата повторно, јас и мојата сакана.

Темните денови се пред мене

мојата сопруга сега мртва е.

Гледам во иднината и се тресам од страв

Моите млади сега имаат млади свои.

И мислам за годините

за љубовта што ја знаев.

Сега сум стар човек и природата е сурова.

Шегата ја направи староста, да изгледа будалесто.

Телото, тоа се распаѓа

 силата и грациозноста ме напуштаат

Само каменот останува

каде што некогаш беше срцето.

Но, внатре во овој стар труп,

младиот човек сѐ уште престојува.

И од време на време

моето рането срце расте

И се сеќавам на радоста

И се сеќавам на болката

И сакам и живеам животот од почеток.

Мислам на годините

премногу се на број

И јас го прифаќам обичниот факт

дека ништо не може да трае.

Затоа отворете им ги очите на луѓето

Отворете и погледнете.

Не старецот, погледнете поблиску

Ме гледате.. МЕНЕ!

Следниот пат кога ќе се сретнете со постара личност која сакате да ја отпишете, сетете се на оваа песна, погледнете подлабоко и гледајте ја младата душа која седи под истоштеното тело. Најубавите работи на светот не може да се видат, ниту допрат, туку мора да се почувствуваат со срцето.. Затоа споделувајте го ова со пријателите!

error: Content is protected !!