Денеска премиерот Зоран Заев зборуваше околу здравствената криза и за најавата за воведување на нови рестриктивни мерки.

На новинарство прашање тој кажа дека не е за воведување на каратини и „локдауни“, после последните бројки на новозаразени.

Не сум за локдаун или целосен карантин како што имавме пред неколку месеци. Но, сум за секоја мерка која што ќе спречи ширење на заразата“, рече Заев.

Тој уште еднаш апелираше на почитување на мерките за заштита од новата болест.

Комисијата за заразни билести инаку денеска одржа состанок при што е одлучено да се предложат нови рестриктивни мерки, како што се ограничување на бројот на патници во јавниот превоз за 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти по 23 часот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. За нив ќе се одличува на владина седница во понеделник

Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледаме околностите со кризата, некои епиде*иолошки податоци од анкетите. Состојбата во болниците е таква да целосно е спремна модуларната болница до Инфективната клиника, иако таму се уште нема сместено пациенти. Во однос на бројките, еве гледаме и насекаде во регионот се зголемуваат дијагностицираните случаи, со очекуваниот есенски бран – рече Филипче.

Во однос на бројките еве гледаме и секаде во регионот се зголемуваат случаите. со есенскиот бран, рече Филипче.

Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа. Тоа е пакетот мерки за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ

Го испраќаме првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР на Косово. Оваа мисија има посебно значење бидејќи нашата Армија за првпат директно учествува во мисија како земја-членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот – НАТО.

Како и до сега, така и понатаму, Северна Македонија и нејзината Армија свечено ја преземаат обврската во континуитет да го даваме нашиот придонес во безбедносни предизвици што стојат пред НАТО.

На офицерите и војниците им посакав успешно извршување на нивните задачи со нашите сојузници. Убеден сум дека ќе ја продолжат традицијата на успешност на сите наши досегашни мисии.