Сите жени сакаат да имаат убава и негувана коса. Затоа често купуваме разни хемиски производи што можат да ни наштетат, а се и скапи.

Наместо тоа, обидете се да направите природна маска што ќе ја негува и закрепнува вашата коса и ќе ја направи поубава. Ќе бидете многу задоволни од резултатите.

Главните состојки се цимет и мед. Оваа комбинација е многу здрава. Добро е за коса, кожа и за ублажување на болката предизвикана од артритис.

Маска за коса – рецепт:

  • 1 лажичка цимет
  • Половина чаша маслиново масло
  • 1 лажичка мед

Подготовка:

Ставете маслиново масло на тавата и кога ќе се загрее тргнете го и ставете го во сад. Во садот додадете мед и цимет и добро измешајте.

Како да ја нанесете маската:

Поделете ја косата со чешел, а потоа нанесете ја смесата на скалпот со четка. Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со самата вода. Потоа исплакнете со шампон.

error: Content is protected !!