Примарниот начин на кој се пренесува SARS-Cov-2 вирусот е преку капки по пат на кашлање и кивање. Меѓутоа, вирусот може да преживее одредено време и на различни места. Студија објавена во Virology Journal покажа колку долго вирусот може да се задржи на различни површини и колку заразен може да биде.

Потоа научниците ги тестирале најчестите површини со кои луѓето доаѓаат во контакт, како и оние кои се наоѓаат на јавни места. Откриле кои површини може да бидат опасни, односно со кои би можеле да се заразите со коронавирусот, преку допир.
1. Пари

Истражувањето покажало дека вирусот најдолго се задржува на површината на парите, преживеал до 28 дена на температура од 20 степени Целзиусови, односно до 21 ден на температура од 30 степени Целзиусови.
2. Прозорците во јавниот превоз

Јавниот превоз сам по себе е ризично место на кое лесно може да се заразите. Истражувањето покажало дека прозорците во јавниот превоз се чистат и дезинфицираат многу помалку од останатите површини на јавни места. Студијата покажала дека стаклото може да го стабилизира вирусот на различни температури, што го прави опасна површина.
3. Мобилните телефони

Нив ги користиме постојано, а повеќето ретко ги чистат. Покрај тоа, сите не ги мијат рацете по користење на мобилниот, а миењето раце е една од главните превентиви.
4. Банкомати

Банкоматите се слична работа како и прозорците во јавниот превоз и мобилните. Станува збор за површини кои често се допираат, а ретко се чистат. И други слични уреди, како апарат за плаќање со картичка во трговија, можат потенцијално да го пренесат вирусот.

Банкоматите имаат челични и метални делови, што се покажало дека има голема улога во ширење на вирусот. Челикот исто така има тенденција за загревање, што овозможува вирусот да се стабилизира.
5. Чекалници во болница

Иако можеби мислите дека болниците се безбедни, во нив се лекуваат и пациенти заболени од вирусот, што претставува ризик.

Во чекалниците температурите се пониски, а ова истражување откри дека вирусот преживеа на пониски температури на стакло, винил, хартија и челик. Сите овие површини преовладуваат во болниците.
6. Ткаенини во домот

Со вирусот може да се заразите дури и во сопствениот дом. Неколку ткаенини во домаќинството може да бидат жариште на коронавирусот, а тоа се облеката, постелнината и памучните производи.

За среќа, студијата покажа дека вирусот најкратко се задржува на памук.
7. Кујна

Повеќето кујни и уреди во кујната се изработени од нерѓосувачки челик, а факт е дека во кујните е малку потопло, што предизвикува стабилизација на вирусот на челик.

Во просек кујните се чистат еднаш неделно, а не секојдневно, стои во студијата објавена во Virology Journal. Затоа се препорачува почесто чистење на површините кои почесто се допираат.