СТРУМИЧАНКА ОБЈАВИ ДЕКА Е ЛАЖНО ОБВИНЕТА И СЛУЧАЈОТ ЌЕ ГО ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА!

Почитувани пријатели, деновиве кружи видео низ социјалните мрежи со експлицитна содржина и голем дел од граѓаните посочуваат дека сум ЈАС на видеото. Ви се обраќам на сите што ме познавате и не ме познавате, како прво:

– Личноста која е на видеото ни приближно не може да се спореди со мене.

– Обратете внимание на градата и грбот на личноста од видеото и ќе забележите дека таа нема белек ниту на градата, ниту на грбот, за разлика од јас кој ИМАМ и на двете места.

– На видеото јасно се гледа дека личноста е повозрасна од мене.

Во овој текст посебно се обраќам до личноста од видеото, доколку ја види објавата да ме исконтактира во порака, ако не, јас набргу видеото ќе го споделам овде и нека се шири. Ве замолувам споделувајте ја објавата низ вашите фејсбук профили!