Каде е твоето благо? Дали го собираш благото на земјата или го собираш благото за небото? Ништо од твоето благо на замјата, кое го собираш нема да го понесеш со себе.

Работиш од утро до мрак, за да стекнеш уште повеќе, а немаш време да одиш во црква, немаш време да ги посетиш старите родители и да им помогнеш, немаш време да им помогнеш на луѓето, кои имаат потреби.

Дали знаете што ќе биде од тоа материјално благо, што сте го создале на земјата? Ќе има кавга меѓу децата, кој ќе добие повеќе и како ќе го поделат тоа вашето, а во најголем случај и децата ќе се скараат поради тоа благо и нема да зборуваат едни со други.

Во ред е да се стекне и да се има, но да не се заборави и оние кои имаат потреба. Не значи дека мора материјално да им помогнеш, бидејќи денес се повеќе, на луѓето им е потребен топол збор и чашка разговор.

Денес има повеќе од оние, на кои им е потребна комуникациска помош и утеха, бидејќи се отуѓени едни од други и никој нема време за никој, а се’ поради работата и собирање на овоземското.

Кога ќе дојдеме пред Бог, нема да не’ праша колку куќи и автомобили сме имале, туку на кој сме му помогнале. Да си помогнеме едни на други, е собирање благо за небото.

Затоа почнувај да собираш благо за небото, за да не биде доцна, бидејќи никој од нас не знае, ниту ден, ниту час кога ќе се исправиме пред Бог.

error: Content is protected !!