Дали некогаш сте се запрашале зошто пецивата и лебот во ресторан ги добивате пред главното јадење? Расрпавата за тоа се разви на социјалната мрежа Quora, на која корисниците поставуваат прашања и даваат одговори на бројни теми.

Во расправата се вклучиле повеќе од 100 луѓе, а еден од најдобрите одговори, судејќи според бројот на гласови, го даде професионалниот готвач Рас Адамс од Вашингтон. Тој вели дека лебот, пецивото, переците или без разлика што ресторанот ви послужува пред храната има повеќе цели.

“Прво да ожеднете. Жедните луѓе нарачуваат пијалок”, пишува и додава дека маржите на пијалоците се многу поголеми отколку на храната. “Второ, лебот (или што и да добиете) ја придвижува работата на системот за варење и ве прави многу погладни отколку што сте биле кога сте седнале”, и продолжува. Додава дека како трета причина е да се растеретат келнерите, со оглед на тоа дека муштериите тогаш помалку ги бараат.

Некои пишуваа и дека како една од причините е тоа што муштериите веројатно ќе го запомнат тоа и повторно ќе се вратат во истиот ресторан. “Може и да оставам поголем бакшиш”, објаснува еден корисник на Quora. Некои додадоа и дека рестораните тоа го прават за да ја успорат нарачката, односно да имаат повеќе време да подготват се останато додека лебот всушност ги окупира луѓето.

Одговор на тоа прашање порано оваа година побарал и Mashed; кој спомнува причини како што се прикажување гостопримливство на гостите и ресторанска традиција.

Погледнете го видеото во продолжение: