ПРИСТИГНА СНЕГОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Прекрасна снежна идила – еве каде врне моментално

Времето денес изутрина е студено и ветровито.

Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини.

Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер.

Во некои повисоки делови од регионот ќе има провејување на слаб снег.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од недела времето повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под минус 5 степени.

Инаку утрово снег има на високиот дел од Маврово, на планината Бистра, додека засега камерите не забележуваат снег на Попова Шапка.

Заедничка цел на Македонија и САД е преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија да започнат до крајот на годинава, како влог во стабилност на регионот и како важен процес за обезбедувањето просперитет за граѓаните.

На средбата со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, разговаравме за актуелните процеси поврзани со евроинтеграциите за Северна Македонија, за стратешката соработка меѓу нашите две држави и за предизвиците во справувањето со пандемијата од КОВИД-19.