Во вечерашново гостување во „Само интервју“ на Канал 5, градоначалникот потврди
дека нема да се откаже од идејата за новогодишно украсување на Скопје за што ќе
бидат одвоени 200.000 вра.

На прашањето на новинарот Гоце Михајловски околу тоа, Шилегов со контрапрашање:
„ А дома имате ли елка, Ќе ја красите?

Шилегов во продолжение објасни дека поради пандемијата со коронавирусот потребна
е малку радост со оглед на тоа што, особено на децата им е ускратено детството,
училиштата…

Слични Вести

Шилегов: Апасиев е обичен шарлатан, мисли дека е јак фраер ако опцул на Фејсбук

Позицијата на Бугарија е непринципиелна и е надвор од принципите на функционирање на ЕУ и како таква не може да опстои подолго. Сме имале и потешки моменти и ова го гледам како една епизода од заокружувањето на целосната извесна иднина и стабилна иднина на Република Северна Македонија, истакна вечерва градоначалникот на Скопје и член на Извршен одбор на СДСМ, Петре Шилегов во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Според него, ако имате јасна позиција на главните луѓе во процесот за преговори, тогаш не ни треба декларација.

-Бугарите сметаат дека на 13-ти ноември ние сме славеле нешто поврзано со Тито. Тие сакаат да го премолчиме делот во историјата каде што е јасно дека царска Бугарија за време на Втората светска војна била соработник на нацистичка Германија. Тоа за мене е непринцииелна позиција, – истакна Шилегов.
Тој даде коментар и за Апасиев.

„Глејте го овој несреќава Апасиев. Апасиев беше, така? Супер!“, рече Петре Шилегов во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

„Што мисли тој дека е главен фраер ако пцуе по Фејсбук? Шарлатан, обичен шарлатан. Типот мисли дека е јак фраер дека опцул некој на Фејсбук“, рече Шилегов.