Александар Давидовиќ моментално живее и работи во градот Форт Мекмареј на северот на Алберта, една од десетте провинции во Канада. Давидовиќ за Мондо зборуваше за трошоците за живот во Канада, како се движат платите, како функционираат здравството и образованието, но и како се движат цените на основните прехранбени производи.

„Дојдов во Канада да работам како возач на камион, како и повеќето наши луѓе кои избираат да дојдат и да живеат во оваа земја. Ја избрав Канада затоа што возачите таму се добро платени и живеат пристоен живот“, моментално работи како механичар супервизор.

Како што вели Александар, Канда е огромна земја во која условите за живот, цените и платите се сосема различни, односно варираат во зависност од провинцијата.

„Во моментов живеам во градот Форт Мекмареј во северна Алберта во стан со три спални соби со две бањи и две тераси. Станот има 100 квадрати и генерално е многу убаво да се живее овде.

Досега живеев во три канадски провинции, но Алберта е најдобра. На пример, ДДВ овде е 5 отсто, додека во Онтарио е дури 16 отсто. Исто така, разликите во платите се доста големи, па така саатницата на механичарите и електричарите во Онтарио е околу 35 долари, додека во Алберта е околу 45 долари, поточно во Форт Мекмареј е околу 60 долари.

Градот е опкружен со нафтени полиња и затоа платите се многу повисоки, но со оглед на тоа што е северот на државата, тоа подразбира малку подолги и постудени зими“, открива Давидовиќ.

Како што понатаму наведува, во Канада може многу добро да се живее од својата плата, а на граѓаните освен добра плата им се обезбедуваат и други бенефиции.

„Здравствениот систем работи многу добро, се е бесплатно, почнувајќи од лекарски прегледи до операции. Лековите се покриени од 80 до 100 проценти, во зависност од компанијата во која работите.

Цените на храната во Алберта се слични на остатокот од Канада, цените на месото се слични на тие кај нас, на пр. свинскиот бут и шницлите се околу 450 денари за килограм, додека овошјето и зеленчукот се скапи бидејќи е зимски период. Килограм домати во зима чини околу 350 денари, јагодите исто, но во лето цените на овошјето и зеленчукот се преполовуваат“, открива Александар.

Тој додава дека во Канада образованието е 100 отсто бесплатно, родителите „не му купуваат ни гума за бришење на своето дете“, додека училиштето им обезбедува редовен оброк на децата на свој трошок.

Како луѓето всушност живеат во Канада, можеби најдобро покажува фактот дека многу малку луѓе работат прекувремено во таа земја, бидејќи секој има доволно пари да живее со минимална работа и осумчасовен работен ден.