За 2020 година таа имаше само една желба и план што реши да го реализира по секоја цена. Дури и ако нејзините родители беа во опасност по живот во тоа време.

Американката Ана Пескин (22) од Њу Џерси е уапсена под сомнение дека ги проневерила сите заштеди на нејзините родители за операција на градите и купила нов автомобил, пренесува wbrz.com.

Иако и двајцата нејзини родители беа заглавени во болницата во ноември со сериозна клиничка слика поради коронавирус, Ана не обрна премногу внимание на тоа. Згора на тоа, со фактот дека и таткото и мајката се на апарати за дишење со 50:50 шанси за преживување, како да и беше полесно да ја реализира својата намера од почетокот на годината.

Додека нејзините родители се бореа за живот, Ана прво купи нов автомобил за 15.000 евра, а потоа потроши уште 5.000 на две корекции на лицето и операција за зголемување на градите.

Само два дена по операцијата, состојбата на Ана се искомплицирала бидејќи постапката не била направена добро и морала да оди во болница. Нејзината општа состојба одеднаш се влоши и лекарите мораа да ги отстранат силиконите, што речиси ѝ го загрозиле нејзиниот живот.

За тоа време, братот на Ана се сомневаше од каде и се парите за сето ова и беше многу лут што прави сè додека нејзините родители беа во болница. Бидејќи имал пристап и до нивната банкарска сметка, тој отишол да го провери билансот бидејќи знаел дека неговата сестра нема толку пари за автомобил и операција.

Кога откри дека на сметката нема буквално „ниту денар“ заштеда, тој не ја повика Ана, туку прво провери кај банката, односно на листата, кога парите беа повлечени.

Сè одговараше на планот на Ана и тој ја пријави во полиција. Ана ќе биде драстично казнета оваа недела и трајно ќе и биде забрането сè што има врска со семејните финансии до крајот на животот.

Нејзините родители закрепнаа малку пред Нова година, и иако се уште се во болница, тие се свесни и дишат самостојно. Тие сè уште не знаат што сторила Ана, пишува wbrz.com.