Бил Гејтс е вториот најбогат човек на светот оваа година, но го следи репутација на скромност…

Соосновачот на Мајкрософт купил вила во Калифорнија по цена од 43 милиони долари во март, но тоа е само еден од ретките моменти во кои тој троши толкава сума на пари.

Ние денеска одлучивме да истражиме во уште какви околности славниот богаташ потрошил вистинско мало богатство.
Дневникот на Леонардо да Винчи од 16 век

Сега веќе дамнешната 1994 година, соосновачот на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ потрошил 30,8 милиони долари на аукција за „Codex Leicester“ – дневникот на Леонардо да Винчи кој е исполнет со неговите научни записи и скици на 72 страни. Напишан помеѓу 1506 и 1510 година, овој журнал се наоѓа во масивната библиотека на Бил Гејтс, а тој повремено го позајмува на бројни музеи кои го споделуваат со јавноста.

Како што и самиот изјавил, единствената работа на која потрошил огромна сума на пари е неговиот приватен авион, вреден 40 милиони долари. Славниот бизнисмен објаснил дека својот авион го користи при деловните патувања кои навистина се во голем број.

Соба со трамболина во неговата вила од 127 милиони долари

Гејтс живее во Вашингтон, во вила од 127 милиони долари во која се наоѓа соба со трамболина и тавани високи 6 метри. Како што изјавил во една прилика, тој ја обожува собата бидејќи неговите деца токму таму поминувале најголем дел од времето.

Гејтс не е љубител на акцесоари и скапа гардероба Иако има повеќе пари отколку што може да потроши за 10 животи, Бил Гејтс не поседува скапоцени акцесоари и накит. Всушност, тој гордо го носи својот „Casio“ часовник од 10 долари каде и да оди.

Исто како и своите колеги милијардери – Стив Џобс и Марк Закерберг, Гејтс поседува парчиња облека до кои се придржува секој ден: џемпер над кошула, неретко во виолетова нијанса. Иако не сака да троши пари на себе, Бил признал дека повремено сака да ја изненадува сопругата со скапоцени нешта. Можете ли да му замерите?