„Јас очекувам Заев да направи Влада со ДУИ , ДПА со Алтернатива.
Тоа се 66 пратеника. За потсетување овие партии се застапени во владата во заминување ( министерот за култура Исмаили е од Алтернатива)“, вели професорот и поранешен премиер Владо Бучковски во изјава за „ Вечер“

Тој смета дека ваквиот состав на Владата може да добива поддршка и од осумте пратеници на Алијансата на Албанците, за Закони кои се реформски.

За двотретинските реформски закони ќе мора да се најде заеднички јазик и со ВМРО – ДПМНЕ . Локалните избори се за една година , резултатот од нив може да биде шанса за опозицијата ( при евентуална нивна победа ) , да бара предвремени избори “, смета Бучковски.